X
 02.05.2019 Живот

Не плаќате кирија, но нема каде да се свртите - работници опишуваат како е да се живее на брод

Една од предностите при живеењето на крузер е тоа што не морате да барате сместување или да плаќате кирија, но во одредени случаи тоа си има своја цена - многу мало и оскудно сместување.

Тоа е особено точно за послабо платените работници, како што се келнерите, бармените и други. Некои од оние 39 сегашни и поранешни вработени на крузери што зборувале за „Бизнис инсајдер“ велат дека немале многу место за движење во нивните кабини. Повеќето од нив сакале да останат анонимни поради страв од одмазда од поранешните работодавци.


Фото: Business Insider

- Кабината ја делев со друга хостеса, па моравме да се подготвуваме во исто време и тоа беше невозможно. Моравме да се менуваме - вели поранешна хостеса на „Коста крузес“.

Од компанијата не сакале да ја коментираат ситуацијата.

- Не можев да ги раширам рацете без да удрам нешто, толку беше тесно - вели поранешен работник на брод од „Норвиџан круз лајн“.

И од оваа компанија не сакале да дадат коментар.

Вработените често имаат по еден цимер, но некогаш имаат и тројца. Нивните соби се едноставно опремени, па има комбинација од кревет, маса, плакар, неколку полици и мала бања. Работниците исто така може да делат бања со оние што престојуваат во соседната кабина или да користат заедничка бања со останатите од целиот кат.


Фото: Business Insider

Менаџерите и оние што се одговорни за управување на бродот добиваат сопствени соби, иако тие не се луксузни. Освен малку екстра простор, тие може да имаат и неколку дополнителни работи како телевизор или фрижидер.

Кога сте навикнати на живеењето со цимер, селењето во кабина каде што ќе бидете сами може да ви изгледа како голем напредок.

- Соло-кабината всушност беше голема. Не можев да верувам колку беше голема - вели Чад Стоун, поранешен менаџер на производство за „Сиборн круз лајн“, кој се преместил од повеќекреветна во еднокреветна кабина откако бил унапреден.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот