X
 18.07.2022 Живот

Бродовите убиваат по 20 илјади китови годишно

Научници од италијанската еколошка организација „Пријатели на морето“ утврдиле дека бродовите при пловидба низ светските мориња од небрежност убиваат по 20 илјади китови.

Студијата на организацијата што е проект на Светската организација за одржливост покажала дека комерцијалните бродови предизвикуваат најголеми штети врз популацијата китови, животни што од 2016 година се прогласени за загрозен вид.

- Според податоците, последните 20 години бројот на китови во светските мориња е преполовен - пишува порталот „Данас“.
Минатата година е покрената кампања за заштита на китовите поради зголемениот број смртни случаи предизвикани од удар на бродови, во услови кога се зголемува поморскиот транспорт.

Програмата „Пријатели на морето“ има цел клиентите да влијаат врз транспортните компании да ги намалат ризиците од бродски удари со смртни последици по китовите.

Ознаката „Безбедно за китови“ им се доделува на оние бродови што спроведуваат мерки за спречување удари на китови, преку посебни термални камери, онлајн системи за известување, промени во бродските маршрути и има цел да се подигне свеста за колективен дијалог во насока на осмислување ефикасни решенија, конечно и до неопходни измени во поморскиот сообраќај.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот