Високо во перуанските
Анди, врвовите на планинскиот венец Хуајхуаш овозможуваат спектакуларен поглед на планини, езера и глечери.
Од 7. врвови со височина од над 6.000 метри, планинскиот венец Хуајхуаш е вистински предизвик за планинарите.
Од видиковецот „Мирадор Тре Лагунас“ на еден од врвовите на Сиула Гранде, планина на овој планински венец, се овозможува и поглед на Лагуна Сиула, група езера со различни нијанси на сина боја.
Спектакуларна и сурова, Сиула Гранде била и ѕвезда во филмот „Допирање на празнината“ (Touching the Void) од 2003 година, снимен по истоимената книга на Џо Симпсон, кој заедно со Сајмон Јејтс се искачил на овој врв во 1985 година.
Фото: Instagram