AL
За нас
Вработување
Почетна
Наша тема
Вработување
VIBE ON
Сѐ за студентот
Објави оглас
Забрана за фотографирање на пејзажите со необично објаснување
02.06.2017
Категорија: Култура
Подготвил:
Б.Б.
(
Фото: Shutterstock
)
Селото Бергун во Швајцарија забрани
фотографирање
на својот живописен планински пејзаж, со цел да не се вознемируваат луѓето кои немаат можност да го посетат овој крај.
Властите во селото Бергун велат дека кога луѓето го гледаат овој прекрасен предел на фотографии се чувствуваат „несреќно“ затоа што не можат да дојдат и да го посетат, но корисниците на социјалните мрежи реагираат на ваквата одлука, порачувајќи им дека во тој случај, селото би требало да го „преместат“ во Северна Кореја.
Локалната општинска управа донела одлука за забрана за фотографирање на пејзажот, соопшти локалната туристичка организација. „Научно е докажано дека убавите фотографии со прекрасни пејзажи од одморите и патувањата, многу луѓе ги прават несреќни затоа што немаат можност да одат на тие места“, се наведува во соопштението.
Оние кои не сочувствуваат со „несреќата“ на другите луѓе и сепак ќе одлучат да ги сликаат овие прекрасни природни убавини, ќе мораат да платат „симболична“ парична казна од пет швајцарски франци.
пејзаж
забрана
фотографирање
село
Швајцарија
Tweet
Популарно
Сега
Неделава
Месецов
k-sign
Се вчитува...
Најлајкувано
издвојуваме
КОЛУМНИ