X
 02.07.2018 Технологија

Германски студент со неверојатен изум што ќе ви го заштити телефонот

Сите сме биле во таква ситуација - кога телефонот ни паднал наземи и целосно се уништил.

Заштитникот на екранот може да ве заштити од најлошата штета, но тој не е гаранција. Токму тука доаѓа иновативното „воздушно перниче“ за телефони.

Создаден од Филип Френзел, германски студент по инженерство, овој иновативен изум ги пушта своите „нозе“ кога телефонот ќе почне да паѓа. Нозете го ублажуваат падот многу повеќе од вашата просечна футрола и ја намалуваат веројатноста кревките делови на вашиот паметен телефон да дојдат во контакт со тврда површина.

1
Фото: Frenzel


Дизајнот на Френзел му обезбедил награда од германското друштво за мехатроника.

Тој ја реализира својата идеја поради личното искуство со скршен телефон, па си поставил цел да дизајнира нешто што би било подобра заштита за телефонот. По долго експериментирање Френзел ја добил идејата за специјализирана футрола со сензори што би можеле да детектираат кога телефонот паѓа.

Оваа футрола наречена „AD Case“ беше доволно иновативна за да му обезбеди награда. Неговите планови се да ја претвори идејата, која сега е патентирана. во бизнис.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија