Технологијата што може да го ублажи проблемот со вселенскиот отпад успешно го заврши тестирањето во орбитата на Земјата. Неговото име е „Терминатор тејп“.
Ракетата на „Спејс Екс“, „Фалкон Хеви“, во јуни 2019 година во вселената однесе десетици сателити, вклучувајќи го и „Прокс-1“.
Сателитот во септември го активира „Терминатор тејп“, кој бил прикачен на надворешниот дел на сателитот.
Овој модул активирал 70 метри лента, која исто така е и електричен спроводник што се користи за брзо отстранување неактивни сателити.
Технологијата е добра затоа што има модул кој има мала тежина, а производството е прилично евтино, и наскоро на задача може да се испратат уште неколку вакви уреди.
Експертите веќе некое време предупредуваат дека вселенските отпадоци се опасност за мисиите и за постојните сателити, а проблемот станува уште поголем бидејќи сè повеќе земји произведуваат и во орбитата испраќаат свои сателити.
Ова ја зголемува можноста за судири, а „
Терминатор тејп“ би можел да го реши овој проблем.