X
 02.07.2019 Живот

Како изгледа една локација во четирите годишни времиња?

Дали некогаш сте почувствувале дека ја имате целата енергија во светот во текот на летото и можете да функционирате без спиење, а штом дојде зимата, веднаш почнувате да го покривате телото со топло ќебе и штедите енергија додека не почне цветањето на цвеќињата?

Годишниот циклус не само што остава отпечатоци врз животната средина околу нас, туку и значително влијае врз нашиот животен стил, навики и расположенија.

Неверојатната способност на природата за промена покажува дека таа е жива и секогаш подготвена да изненади. Секое годишно време има фасцинантни контрасти, живописни бои и магична атмосфера. Иако официјално постојат четири годишни времиња, ниту едно од нив не изгледа исто во различни делови од светот.

Иновативните уметници од „Буџет дајрект“ најдоа начин да ја искомбинираат оваа разновидност во една слика со допир на дигиталната магија. Тие ги претставија сите годишни времиња на иста локација. Овие фотографии се направени на различни места во светот и ги отсликуваат многуте лица на еден единствен пејзаж.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот