Изминатава зима фотографот Гвидо Гутиерез Руиз го разгледувал својот инстаграм-профил и ги гледал своите први слики што ги поставил на оваа социјална мрежа. На почеток сакал да види како се развивале неговите фотографии. Но, забележал и бил изненаден од тоа колку Торонто се променил откако тој почнал да објавува на „Инстаграм“ во 2013 година. Ова го натерало да се врати и повторно да ги фотографира локациите од претходните слики.
Резултатите се фасцинантен поглед на еволуцијата на овој канадски град во текот на една деценија. За да ги оживее новите кадри, Гутиерез Руис се погрижил да застане во иста положба и да ја направи фотографијата од истиот агол. Тој дури се обидел да сними луѓе во слична положба на оригиналната слика.
- Без разлика дали ви се допаѓа или не, работите секогаш се менуваат, на подобро или на полошо. Овој мал проект покажува колку се промени Торонто - вели тој.