Во Советскиот Сојуз луѓето беа буквално избришани од историските книги со помош на техники за манипулација со фотографии.
Со алатки кои денес изгледаат примитивни, советските ретушери правеле луѓето едноставно да исчезнат од сликите и на тој начин создаваа фотографии што го претставуваа Сталин како единствен вистински пријател, другар и наследник на Ленин, водач на Болшевичката револуција и основач на СССР. Сето тоа барало сериозна умешност со скалпел, лепило и четка.
На тој начин Сталин можел да нареди од историјата да се избришат сите оние што тој лично ги сметал за нелојални. Некои од нив се Николај Иванович Јежов, советски политичар и разузнавач, најпознат како директор на НКДВ (Советска тајна полиција), Николај Антипов, народен комесар, Сергеј Киров, еден од најистакнатите политичари во СССР.
Сталин имал избришано и многу партиски функционери кои биле фотографирани покрај него на разни настани. Ретушерите трошеле по неколку часа за да ги разубават фотографиите, вели Дејвид Кинг во воведот на неговата книга „Комесарот на исчезнувањето: Фалсификување на фотографиите во Сталиновата Русија“.
Понекогаш фототерапијата значела враќање назад во времето за промена на историски записи, како кога Сталин наредил Лев Троцки, кој помогнал да се создаде комунизмот, да се отстрани од сите фотографии.
Опсесијата на
Сталин со манипулацијата со имиџот не била сведена само на фотографии. Како што забележува историчарот Јан Плампер, сеприсутните портрети на Сталин биле предмет на маничен надзор. Диктаторот ангажирал армија сликари за да ги направат неговите портрети, нудејќи им на некои уметници огромни суми пари за тоа. Потоа, официјалниот портрет бил репродуциран и ретуширан одново и одново, додека на Сталин не му се допаднел.
Сепак, Сталин не бил единствениот диктатор кој сакал да манипулира со фотографиите. Адолф Хитлер слично го отстранил својот министер за пропаганда Јозеф Гебелс од фотографијата, иако неговите мотиви се непознати. Бенито Мусолини споделил позната фотографија на која јава на коњ, но дури откако го отстранил човекот што го држел коњот.