X
 02.07.2021 Живот

Ако ги фотошопирале фотографиите, Норвежаните ќе мора и да ги означат

Во Норвешка се донесени законски измени според кои фотографиите што биле изменети со фотографски софтвер треба да бидат означени. Промените се однесуваат на фотографиите на кои се фотошопирани телото, обликот или бојата на телото.

Ваквите фотографии треба да бидат означени со стандарден знак кој е дизајниран од Министерството за деца и семејни односи на Норвешка, пренесува „Вајс“.

Законските измени се однесуваат и на фотографии на кои е искористен филтер. За оние што нема да ги почитуваат промените ќе има казни, а во екстремни случаи и затвор.


Фото: Фрипик

Законските измени треба да доведат до промени во начинот на објавување фотографии на интернет, но од министерството признаваат дека можеби ќе има потешкотии при примената на измените бидејќи кај некои фотографии е тешко да се забележи дека се изменети. Освен тоа, има нејаснотии околу промените што се прават со светлото во фотографиите и слично, кои се чести техники во фотографијата.

Сепак, инфлуенсерите во Норвешка ги поддржуваат измените бидејќи со нив ќе се објавуваат реалистични фотографии од човековото тело.

Извор: Vice
Насловна фотографија:Unsplash

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот