X
 06.07.2015 Култура

Гратчето во Норвешка кадешто не изгрева сонцето

Лоциран на околу 320 километри северно од арктичкиот круг, гратчето Тромсо во Норвешка е дом на екстремна варијација на светлината помеѓу годишните времиња. Во текот на поларната ноќ, која трае од ноември до јануари, сонцето воопшто не изгрева.

 

grad

 

Деновите постепено се зголемуваат до периодот на полноќно сонце кое трае од мај до јули и воопшто не заоѓа. После полноќното сонце, деновите повторно стануваат се` пократки и пократки се` до поларната ноќ, и на тој начин се повторува годишниот циклус.


И покрај екстремната темнина на градот, последните истражувања покажуваат дека жителите на Тромсо имаат најниска стапка на депресија во зимскиот период. Помалку отколку што се очекува со оглед на зимскиот период и високата географска ширина. Иако постои дебата меѓу психолозите за тоа кој е најдобар начин за идентификување и дијагностицирање на депресија во зима, едно нешто е сосема јасно: жителите на северна Норвешка можат да избегнат голем дел од „зимското страдање“ на сосема друго мсто, вклучувајќи ги и потоплите, и појужните локации.

 

1

(Тромсо во лето)


Универзитетот во овој град е најсеверниот универзитет во светот и се чини како совршено место за сите оние кои сакаат да ги тестираат нивните авантуристички желби.

Тромсо е малечок остров, приближно со големина колку Менхетен, и е дом на околу 70.000 жители, што го прави вториот најнаселен град северно од арктичкиот круг. Во градот има се` што му е потребно на човек - центар, три главни улици и шопинг центри и неколку кина. Опкружен со планини и фјордови на сите страни, градот се чини изолиран и див.

 

2

(Бои на поларната ноќ)


Она што ќе ве изненади се огромниот број на фестивали, културни манифестации кои ги прославува целиот град. Главната пешачка улица е „жива“ секој ден освен во недела, кога скоро сите продавници се затворени, меѓутоа саботата е особено жива со оглед на тоа што продавниците работат до 2 часот наутро. 

 


Зимите во Тромсо се уникатно магични. Тромсо е место кадешто имате совршен поглед кон Аурора Бореалис или Поларната светлина, опкружен со планини и природни патеки совршени за попладневно скијање, и дел од културата која ја вреднува рамнотежата меѓу работата и животот.

 

3

(Синиот период)

 

Самата култура во Тромсо игра голема улога во благосостојбата на луѓето во текот на зимата. Голем дел од жителите одбиваат да го нарекуваат овој период „темно време“, па наместо тоа го користат терминот „синиот период“ за да ја нагласат бојата присутна во текот на овој период. Наместо постојано да се жалат за студеното време, жителите на овој град постојано организираат ски патувања, активности на снег со што ќе ве инспирираат да излезете надвор и вие дури и во најстудените денови.

Доколку некогаш имате можност, поминете во ова гратче, дефинитивно нема да се покаете.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура