X
 22.12.2020 Живот

„Божиќната ѕвезда“ низ фотографии: Како изгледаше спојувањето на Јупитер и Сатурн на небото?

На 21 декември планетите Јупитер и Сатурн се доближија една до друга во рамките на небесен настан што не беше виден речиси 800 години. Ова беше прилично голем настан за љубителите на небото и за астрономите.

Таканареченото „големо спојување“ е ретко и се случува на околу 19,85 години. Причината за тоа е што се потребни 11,86 години за Јупитер да орбитира околу Сонцето, а 29,4 години за Сатурн да го направи истото, така што некогаш тие се одминуваат. Но, настанот што се случи вчера беше најблиското големо спојување уште од 16 јули 1623 година и првото што може лесно да се набљудува од 4 март 1226 година.

Планетите нема да се сретнат повторно сѐ до 2040 година, иако спојувањето во текот на таа година нема да биде толку блиско како оваа година.





Извор: Forbes.com
Фотографии: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот