„Тајмс хајр еџукејшн“ ги објави резултатите од својата
годишна листа со најдобри универзитети за 2021 година.
Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија, се наоѓа на првото место петта година по ред. На листата со најдобри 10 универзитети во светот доминираат американски институции, а кинескиот универзитет „Цингхуа“ стана првиот универзитет во Азија што се искачи помеѓу најдобрите 20 универзитети откако се користи моменталната методологија на оценување (од 2011).
Фото: Универзитет во Оксфорд/Freepik
Британскиот статус на сила во високото образование е ставен под знак прашалник бидејќи од 20. највисоко рангирани британски институции минатата година само пет успеале да се искачат на листата, додека институциите што не се во најдобрите 200 паѓаат подолу на листата. Во меѓувреме,
институциите од Азија продолжуваат да импресионираат.
На листата со најдобри 10 универзитети дури 8 се од САД. Меѓутоа, 50% од најдобрите 20 американски универзитети од минатогодишната ранг-листа не успеале да ги задржат своите позиции. САД изгубиле 4 места во најдобрите 200 универзитети во последните 5 години.
Фото: Freepik
10 најдобри универзитети во светот за 2021
1. Универзитет во Оксфорд, Велика Британија
2. Универзитет „Стенфорд“, САД
3. Универзитет „Харвард“, САД
4. Технолошки институт во Калифорнија, САД
5. Технолошки институт во Масачусетс, САД
6. Универзитет во Кембриџ, Велика Британија
7. Универзитет во Калифорнија „Беркли“, САД
8. Универзитет „Јејл“, САД
9. Универзитет „Принстон“, САД
10. Универзитет во Чикаго, САД
На листата со најдобрите 200 универзитети, 59 се од САД, 29 од Велика Британија, а 21 од Германија. Меѓу тие 200 универзитети нема ниту еден од регионот.
Според анкета спроведена порано годинава за влијанието на Ковид-19 врз високото образование во светот, Западот се соочува со предизвици, а експертите се согласуваат дека британските и американските универзитети ќе привлечат помалку странски студенти и ова негативно ќе влијае врз финансиите на институциите. Постои и грижа дека некои институции ќе банкротираат, а ова особено го очекуваат експертите во Велика Британија и во САД, а помалку во Азија.