Во тек е пријавувањето на студентите за ваучери од 6.000 денари во Министерството за образование и наука. Еднократната финансиска поддршка е наменета за уплата при запишување семестар, сместување во студентски дом или приватно сместување за студенти од семејства со ниски примања.
Студентите што ќе се определат за третата опција треба да имаат предвид дека ќе мора да имаат склучен нотарски договор со сопственикот, и договорот да биде пријавен во Управата за јавни приходи. Пријавувањето за ваучерот трае до 10 октомври.