Голем број одделенски наставници што предаваат во класична настава, како и предметни наставници по англиски јазик или физичко ќе треба да работат и повеќе од законски пропишаните 23 школски часа неделно во новата учебна година. Со оглед на протоколите за реализација на настава со физичко присуство, според кои во една паралелка не смее да има повеќе од 20 деца, еден наставник ќе треба да ја дуплира наставата. Од образовните синдикати нѐ известија дека веднаш реагирале до Министерството за образование и наука. Тие ги охрабруваат наставниците да се борат за нивните права.
Прочитајте повеќе на ДЕЦА.МК.