Сите што студираат знаат дека времето на испитни сесии е многу стресен период. Студентите мора да учат за испитите, имаат малку време, а испитите се нижат од ден на ден. Тогаш повеќето студенти доживуваат голем стрес. Но, познатиот Универзитет „Оксфорд“ одлучи да му стави крај на испитниот стрес со една многу иновативна идеја.
„Оксфорд“ сака неговите студенти да не се под стрес кога станува збор за полагање на испитите. Стресот пред испитите не е ништо ново и се јавува кај повеќето студенти во светот, но познатиот универзитет се обидува да го реши проблемот.
За студентите да се опуштат и на некој начин да се навикнат на испитите и со тоа да го намалат стресот, одлучиле да даваат „лажни“ испити како подготовка за вистинските испити. На „Оксфорд“ постојат различни советувања и работилници за студентите насочени на тоа тие полесно да се справат со стресот. Сега со „лажните“ испити отидоа чекор понапред, а студентите се задоволни бидејќи тоа им помага.
Во последните неколку години се гледа дека европските и американските универзитети се грижат за менталното здравје на своите студенти и за тоа како да се справат со стресот поради испитите, па им овозможуваат домашни миленици, бесплатни масажи и бесплатни советувања.
- Сериозно ја сфаќаме благосостојбата на студентите и ќе направиме сè што е во наша моќ за да им дадеме поддршка во текот на испитниот период - изјави портпаролот на
„Оксфорд“.