X
 02.11.2020 Технологија

„Македонски телеком“ со раст во интернет и ТВ-сегментот и позитивен тренд на ИКТ-услугите

„Македонски телеком“ во првите девет месеци од 2020 година бележи добри резултати и покрај предизвиците во работењето што ги наметна пандемијата на Ковид-19. Продолжува трендот на раст на бројот на корисници во сегментот на интернет и телевизија, а се забележува и нов позитивен тренд во ИКТ-областа. Приходите од продажба на „Македонски телеком“ во првите девет месеци од 2020 година се стабилни, за 0,1 отсто помалку во споредба со претходната година и изнесуваат 7,927 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 5,2 отсто во споредба со истиот период претходната година.

Продолжува трендот на раст во интернет и ТВ-сегментот

Во првите девет месеци од 2020 година продолжува да расте бројот на корисници во интернет и ТВ-сегментот. Базата на корисници со пристап до широкопојасен интернет е зголемена за 4,7 отсто, при што вкупниот број изнесува 209,8 илјади. „Македонски телеком“ и понатаму останува на позицијата лидер на пазарот во ТВ-сегментот, нудејќи ексклузивни содржини и уникатно ТВ-искуство. Со зголемувањето на бројот на овие корисници за 5 отсто, во првите девет месеци од 2020 година „Македoнски телеком“ ја зацврстува својата водечка позиција со база од над 140 илјади корисници. Како резултат на овој раст се бележи зголемување на приходите oд интернет сегментот за 1,9 отсто и од ТВ-сегментот за 7,1 отсто.

Нов позитивен тренд во областа на ИКТ-услугите

Растечкиот тренд на користење на ИКТ и Cloud решенијата и услугите доведе до зголемување на приходите од системска интеграција и ИТ-услуги за 42,3 отсто во споредба со истиот период минатата година. ИКТ-услугите и решенијата што ги нуди „Македонски телеком“, како и загарантираната сигурност на податоците и интернет-заштитата, се предуслов за овој раст, кој го позиционира Телеком како партнер за дигитализација на бизнисите.

Стабилна и квалитетна мрежа во услови на забрзана дигитализација

Изминативе девет месеци континуирано се инвестираше во зајакнување на капацитетот на мрежата за да се задоволат зголемените дигитални потреби на приватните корисници и бизнисите. „Македонски телеком“ останува посветен на беспрекорно одржување на капацитетот на мрежата и интернет-пристапот за да обезбеди непречена комуникација.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија