„Чет-ГПТ“ на „Опен АИ“ добива голема надградба која ќе овозможи прикачување документи за анализа.
Новата верзија, која моментално е во пробна фаза и достапна само за некои претплатници, ќе овозможи прикачување на разни документи, меѓу кои и документи во ПДФ-формат.
По прикачувањето на документот, алатката може да ја анализира неговата содржина и да направи кратко резиме или што било друго што ќе побарате.
Претплатниците на „Чет-ГПТ“ може да ја тестираат со одбирање на опцијата „Напредна анализа на податоци“ (Advanced data analysis).
Извор:
Mashable
Насловна фотографија: Pixabay