X
 05.01.2018 Наука

Вештачката интелигенција може да даде поточни дијагнози од докторите

bolka

Вештачката интелигенција веќе се покажа корисна во здравствената индустрија и сега два нови развиени системи за дијагностицирање би можеле да го променат начинот на кој лекарите дијагностицираат срцеви заболувања и рак на белите дробови.

Кардиолозите се одлични во нивната работа, но не се непогрешливи. За да се утврди дали нешто не е во ред со срцето на пациентот, кардиологот го проценува времето на отчукување на срцето во направените скенирања. 80 отсто од времето нивната дијагноза за различни проблеми со срцето е точна, но преостанатите 20 отсто покажуваат дека процесот има простор да биде подобрен.

За таа цел, тим од истражувачи од болницата „Џон Радклиф“ во Оксфорд, Англија, го развил „Ултромикс“, систем на вештачка интелигенција за дијагностицирање што е попрецизен од докторите при дијагностицирањето на срцевите заболувања.

„Ултромикс“ бил обучен со користење скенови на срцето од 1.000 пациенти, како и информации за тоа дали пациентите продолжиле да имаат срцеви проблеми. Системот е тестиран во разни испитувања, а главниот научен и технолошки директор, Тимор Кадир, изјави дека резултатите сугерираат дека годишно системот би можел да дијагностицира до 4.000 пациенти со рак на белите дробови порано од докторите.

Не само што оваа вештачка интелигенција би можела да спасува животи преку обезбедување претходно дијагностицирање на проблеми со срцето и рак на белите дробови, туку би можела да заштеди пари што би можеле да бидат вложени во ангажирање повеќе доктори, медицински сестри и нова опрема.

Тимор Кадир вели дека системот би можел да ги намали трошоците за 13,5 милијарди долари ако и Америка и Европа одлучат да го користат.

Врз основа на способностите на денешните системи, кои не само што ги надминуваат своите човечки колеги туку и им заштедуваат пари на институциите, голем број експерти се загрижени дека вештачката интелигенција може целосно да ги замени докторите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука