Многу страници недостигаат од многу цензурираниот интерен извештај на ФБИ за 9/11 и за улогата на Саудиска Арабија во терористичкиот напад во 2001, сметаат новинари-истражувачи.
ФБИ направи презентација на Комисијата за преглед на 9/11 на 25 април 2014. Но, агенцијата редуцирала 13 страници и комплетно избришала 9 страници од извештајот, за кој се верувало дека првично содржел 60 страници.
Се претпоставува дека цензурираните страници содржат детали за трансферот на пари пред нападите, со кои всушност биле финансирани. Некои од насловите на слајдовите се: „Финансирање на нападите на 9/11“, „Почеток до средина на 2001: дополнителни финансии“ и „КСМ (Калид Шеикл Мохамед) неимигрантска апликација за виза“.
Од документите што требало да излезат пред суд порано оваа година, ФБИ редуцирало клучни кои се поврзани со финансирањето на нападите.
Преживеаните и роднините на речиси 3.000 жртви моментално се вклучени во граѓански судски постапки против Саудиска Арабија со обвиненија дека кралството и неговите официјални добротворни организации биле тие што финансирале. Земјата негира дека имало вакво нешто.
Друга страна што ФБИ сака да остане скриена содржи специфични фактори кои се сметаат за релевантни во анализата на активностите на киднаперите во врска со финансиските трансакции пред 11 септември 2001 година. Според ФБИ, обелоденувањето на овие информации открива нешто што на агенцијата ѝ е познато за финансиските активности и како тие биле во можност да останат „под радарот“.
Обелоденувањето на овие информации би открило чувствителни детали за тоа колку пари биле преместувани, кога, како, на кој начин и на кои локации биле направени трансакциите. Значајно е да се спомене дека кога би се знаело тоа, ќе се знае и колкава е сумата што може да биде преместувана во одредена форма без да се привлече внимание.
Се претпоставува дека во документите има радикални детали, како типот на оружје, времето на пристигнување на пилотите и заговорниците во САД, времето на набавка на авионскиот билет, времеплов на телефонска евиденција и трансфер на пари меѓу
заговорниците, информации за претходни летови и заговори пред нападот и слично.