X
 02.12.2021 Живот

27.046 студенти добија пари за субвенциониран оброк

Министерството за образование и наука информира дека денес е извршена исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на 27.046 студенти корисници на ова право. Вкупно 17.484 од нив, кои го остварија правото при првиот рок од конкурсот објавен за оваа цел, ги добија средствата за ноември. Додека на 9.562 студенти што го остварија ова право на вториот рок од конкурсот исплатени им се средства за октомври и ноември.
МОН потсетува и дека во периодот од 20 до 30, односно 31 во секој нареден месец, ќе биде отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти што претходно не ги исполнувале условите или од какви било причини не аплицирале.

Пријавувањето е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со прикачување два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка. Младите за време на студирањето ќе добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по која било основа поголем од минималната плата.

МОН информира дека 657 студенти имаат доставено погрешни трансакциски сметки и треба да достават точни податоци за да се реализира исплатата, додека 356 апликации од вториот рок на повикот подлежат на проверка преку високообразовните установи околу статусот редовен студент на апликантите, по што за донесената одлука студентите ќе бидат известени преку порталот е-услуги.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот