X
 02.12.2022 Живот

Колку заработува Мараја Кери од „All I want for Christmas“?

Би било чудно доколку не ја слушаме Мараја Кери за време на божиќните празници. Нејзината „All I want for Christmas“ е една од најпопуларните божиќни песни на сите времиња. Колку заработува пејачката од овој хит?

Песната првпат излегла во 1994 година, но не станала хит веднаш. Станала популарна и вистинска класика откако била вклучена во филмот „Всушност, љубов“ (Love actually) во 2003 година. Во 2020 година песната повторно станала најслушана во Обединетото Кралство.

Тешко е да се пресмета колку заработува Кери од оваа песна. Според објави во медиуми во 2013 година, песната заработила околу 50 милиони долари за авторски права.


Според истражување од 2016 година, Кери заработува 2,5 милиони долари годишно од песната, а дотогаш на пејачката ѝ донела вкупно 60 милиони долари. Доколку пресметката е точна, Кери заработила дополнително 12,5 милиони долари од 2016 наваму.

Песната е напишана од Мараја Кери и Валтер Афанасиеф, кои добиваат по 50 отсто од приходите за авторски права.

Извор: Inews
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот