X
 24.09.2015 Живот

Бизарен тренд во Кореја - заработуваат снимајќи се додека јадат

јадење

 

Младите Корејци на Youtube заработуваат многу пари благодарнеие на нивниот добар апетит. Во Јужна Кореја актуелен е бизарниот тренд наречен „Мук-Банг“ во кој младите луѓе се снимаат додека јадат голема количина на храна и разговараат за неа со нивните пријатели. Најпопуларните од нив заработуваат и до 1.000 американски долари дневно.


Името настанало од спојување на зборовите исхрана и емитување, а во 2014 година околу 3.500 луѓе се снимале додека јаделе и на тој начин заработувале.

Освен на YouTube, овие луѓе можат да се следат и на видео стриминг сервисот „Afreeca TV“. Според спроведеното истражување, констатирано е дека овие програми најчесто ги следат самците и оние кои сакаат да го потиснат гладот.

Експертите сметаат дека овој бизарен феномен е добро прифатен во Кореја поради нивниот начин на живот - често пати луѓето мораат да јадат сами, па овие програми им доаѓаат како друштво додека јадат.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот