Новогодишна анкета од 1966 година, за претстојната 1967 година. На кој начин во минатото се дочекуваше Новата година во Југославија.
На што се радуваш во 67-ма година?
„Среќен ме прави тоа што конечно ќе имам 19 години и мајка ми повеќе нема да може да ми вели „Се`уште си дете“ - Милутин Бајчев
„Би сакала да добијам бебе кое може да се чешла!“ - Дубравка Југ
„Во 67-ма година најмногу се радувам на уредувањето на новото кино во нашето село“ - Ивица Милинг
„Новите истражувања за космонаутите и вселената“ - Маријан Шчури
„Веќе 2 години се допишувам со една прекрасна девојка од далечниот Сибир. Таа вети дека на лето ќе ме посети. Уште од сега се радувам на нашиот состанок и заедничките денови“ - Анкица Мајнариќ
„Би ме направила среќна мајка ми побрзо да оздрави после операцијата“ - Душица Антиќ
„Се радувам затоа што очекувам повик за ЈНА. Требаше да одам оваа година, но ненадејно ме задржаа на болница. Затоа сега нетрпеливо го чекам тој ден“ - Владимир Смиљаниќ
„Другари, јас се радувам што во 67-ма година ќе одам на Јадранско Море“ - Фрањо Пури
„Во новата 67-ма година се радувам на нашиот успех на полето на „beat“ музиката“ - Дамир Јеличиќ
„Можноста да и` искажам љубов на мојата девојка. Ако ништо друго, барем можност да ја бакнам“ - Ненад Мечава
„Во 67-ма се радувам на новите случувања со соучениците и пријателите“ - Изток Коритник
„На моите 18 години - се` она што тие ќе донесат“ - Станислава Пешиќ
„Во 67-ма година се радувам на многу работи. На пример: на летниот распуст, бидејќи минатата година не го имав. Се подготвував и два пати го полагав приемниот испит за гимназија (го положив)“ - Бранислав Морача
„Се радувам на животот“ - Мирјана Садоловиќ
„Во 67-ма се радувам на напредувањет ово џудо“ - Едвард Ферме
Од што стравуваш?
„Од полугодието кое доаѓа“ - Маја Кнол
„Да не добијам кец!“ - Мишо Комазец
„Во 67-ма стравувам да не се случи Трета светска војна“ - Бранка Шијан
„Во 67-ма стравувам да не ми се оствари казната со која ми се закани едно момче“ - Даница Трупељак
„Да не се распаднат Битлсите“ - Миран Цар
„Стравувам од предновогодишната програма на ТВ“ - Давор Шверко
„Да не дојдат Битлсите“ - Нена Николиќ
„Хм... не се плашам од ништо. Или можеби од неуспех на училиште? Да, тоа“ - Јармила Хрнчиар
„Да не се случи крај на светот како што на многу приказни им дошол крајот“ - Омер Кличиќ
„Стравувам од вишок на работна сила“ - Маргарета Мариниќ
„Се плашам во „Плавцу“ да не ми излезе стрипот кој го испратив во редакцијата“ - Милан Кљајин
„Стравувам при првата помисла дека нема да добијам работно место“ - Живко Живковиќ
„Стравувам дека нема да можам да се запишам во средното училиште кое го сакам (техничко)“ - Здравко Ињаќ
Што посакуваш во 1967 година?
„Патување со авто-стоп низ Европа, логорување низ разни делови од Југославија“ - Бранка Тибљаш
„Да се вработам некаде“ - Маријан Шќури
„Сакам да постигнам подобар успех на матура, да се запишам на факултет и некој магазин да ми ги објави песните“ - Фрањо Кутен
„Сакам една личност да се покае за она што го направи“ - Даница Трупељак
„Од тетка ми од Америка да наследам многу пари; би ги однела сите мои пријатели на излет во Рио де Жанеиро и на Копакабана“ - Вера Тешниќ
„Да добијам воени документи со одлични карактеристики“ - Томо Пејиќ
„Единствена моја желба во 67-ма година е да ме примат во воена воздухопловна академија“ - Јадранка Балшковиќ
„Сакам да ми се оствари желбата да добијам нова соба и гитара и да дојдат Битлсите во Пула“ - Давор Шверко
„Првата желба во 67-ма година ми е опстанок на училиште, појачало за електричната гитара, завршување на војната во Виетнам и други помалку важни ситници“ - Младен Дупланчиќ
„Најголема желба ми е на лотарија или на било кој друг начин да добијам многу, многу книги, бидејќи моето хоби е читање, а би сакала по некоја среќа мојата омилена група, Ролинг Стоунс, да залута во Југославија“ - Нена Николиќ
„Сакам пријател кој ќе ме разбере и кој ќе биде искрен. Би сакала конечно да го пронајдам“ - Даворка Петричиќ
„Сакам Виетнам да добие независност. Да престане трката во нуклеарното вооружување, да престанат нуклеарните (пробни) експлозии, научниците од сите земји да се здружат и да ја освојат вселената, да престане трката за освојување на Месечината поради стратегиска позиција“ - Бранислав Морача
„Би сакал во 67-ма година да ми се оствари долго очекуваниот состанок со девојка од Ниш со која се допишувам“ - Жељко Радек
„Сакам што подобро да успее земјоделската реформа“ - Филипинка Маџар
„Би сакала да отпатувам во Брчко за време на распустот“ - Верица Латинкиќ
„Сакам во 67-ма година на татко ми (просветен работник) да му ја зголемат платата“ - Хрвоје Дугоњиќ
„Тато да ми купи „Колибри“ - Богдан Јовиќ
„Нашиот ракометен клуб од Скопје да премине во Републичка лига“ - Веле Сименовски