X
 21.12.2018 Култура

Еден од најпосетените европски градови ве моли повеќе да не го посетувате

Пластичното цвеќе, ветерниците и кломпите се главни сувенири во холандскиот град Амстердам, кој е и всушност двигател на градската економија. Сепак, локалната самоуправа забрани експанзија на продавници за сувенири.

Уставниот суд во Холандија ја поддржа забраната на амстердамските власти да спречат отворање на нови продавници во историското срце на градот каде што се продаваат сувенири. Ова е само една во низата борби на власта против масовниот туризам. Колку за потсетување, прво е отстранет симболот на градот „I Amsterdam“, а се разгледува можноста и за отстранување на Улицата на црвени фенери од центарот на градот.

Забраната за отворање нови продавници стапи во сила во октомври 2017 година и не крши ниеден закон од Европската Унија. Целта на забраната е да се намалат продавниците кои својата стока им ја продаваат исклучиво на туристите и им го отежнуваат животот на жителите.

Инаку, Амстердам, кој има 741.000 жители, го посетуваат 9 милиони туристи годишно, поради што неговите жители имаат проблем.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура