X
 03.01.2020 Живот

Како изгледа Венеција по ужасните поплави?

Кога ќе ја споменеме Венеција, веднаш нè асоцира на вода. Но, дали некогаш сте помислиле дека може да има премногу вода во овој историски европски град?

Кога фотографот Наталија Елена Маси дознала дека Венеција се соочила со прилично голема поплава, веднаш ги спакувала торбите и одлучила од прва рака да ја истражува. Иако не било првпат да ја посети земјата, целото искуство прилично ја изненадило.

- Слушнав за поплавата од вестите. Живеам во Италија, во Бреша, град што се наоѓа на 100 километри оддалеченост од Венеција. Знаевме дека има поплави. Венецијците се навикнати на тоа, но овој пат се соочија со исклучително голем прилив - вели Наталија.

- Ја обожавам Венеција и ја посетувам кога можам. Овој пат одлучив да одам и да го фотографирам градот со надеж дека повторно ќе ја најдам неговата убавина.

Откако го посетила градот, сфатила со колку предизвици се соочуваат жителите таму.

- Не ни размислував колку тешко може да биде. Замислете да пешачите со часови во вода над вашите колена. Запознав неверојатни луѓе, храбри луѓе кои не беа поразени од поплавата. Иако повеќето продавници беа затворени, неколкуте што беа отворени со задоволство им посакуваа на луѓето добредојде за да ги заштитат од времето - раскажува таа.

- Атмосферата беше неверојатна. Беше тивко, Венеција беше празна. Нешто што никогаш не сум го видела претходно. Но, дури и во трагедија, повторно ја открив убавината на Венеција. Водата што ѝ се закануваше ја направи уште пофасцинантна.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот