X
 25.05.2018 Живот

Убавината на мајчинството: Најубавите моменти на мајките со нивните деца

Врската помеѓу мајката и нејзиното дете тешко е да се опише со зборови.

Белгискиот фотограф Паскал Манаерц се обидел да ја долови оваа врска во неговата серија фотографии „Мајките од светот“. Повеќе од 10 години, Манаерц патувал низ светот документирајќи го мајчинството со фотографирање на жените и нивните деца.

3
Фото:  Pascal Mannaerts


Манаерц патувал низ приближно 50 земји за неколку негови проекти.

Откако сретнал голем број мајки со нивните деца во текот на нивното патување, тој бил инспириран да започне да ги фотографира.

Целта му е едноставна.

- Едноставно сакам да ја прикажам убавината на мајчинството, нејзината универзалност низ целиот свет и богатството на нејзините очигледни разлики - вели тој.

Ова се резултатите од неговото патување.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот