Патниците на летот УА858 полетале во 2023 година, а слетале во 2022 година.
Станува збор за авион кој на 31 декември летал од Сеул, Јужна Кореја, за Сан Франциско. Од Сеул тргнал во 00:30 часот, а во Сан Франциско слетал околу 17:15 часот.
Летот трае 9 часа, а временската разлика помеѓу двете области е 17 часа.
- Враќање во иднината - пишуваат „Флајтрадар24“ на нивната фејсбук-страница.
Фото: Freepik