X
 02.06.2017 Технологија

Најголемиот авион на светот конечно презентиран на јавноста

Авионот „Stratolaunch“ е под конструкција 4 години, но најголемиот авион на светот конечно ќе може да се користи.

фото извор: Stratolaunch Systems Corp.

Авионот е дизајниран од „Stratolaunch Systems“, има крила поголеми од фудбалско игралиште и е наменет за да носи ракети во стратосферата, пред да бидат насочени во вселената. Тежи околу 250 илјади килограми и може да носи толкав товар. Поседува 28 тркала, а креиран е во Мохаве пустината во специјален хангар наменет за конструкција на авионот. Поседува и 747 „Боинг“ мотори и е подготвен за првите летечки тестови.

Се очекува првото лансирање да се изведе во 2019 година. Од компанијата велат дека пред нив се уште многу активности, па како што ќе се придвижуваат работите, така и ќе ја информираат јавноста во наредните месеци.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија