Неодамна спроведеното истражување покажува дека некои авиокомпании и тоа како одржуваат одличен однос кон патниците и пред патувањето, но и за време на патувањето.
Од друга страна некои, меѓу кои се и познатите светски компании, не се грижат многу за задоволството на корисниците.
Во истражувањето спроведено од компанијата „Which?“ за најдобра авиокомпанија, биле вклучени неколку категории како што се љубезност на персоналот, храна и пијалок, удобност наа седиштата и вредност за парите. Исто така, компаниите биле поделени во две категории, според должината на лет. Првата категорија ги опфатила компаниите чии летови често траеле пократко од 3 часа, а другата ги опфатило летовите долги 6 или повеќе часа.
Истражувањето спроведено помеѓу патниците покажало дека најдобрата компанија за кратки патувања е турскиот авиопревозник „
Тurkish Airlines“. Имено, корисниците на нивните услуги им дале највисока оценка за храната која ја послужуваат како и за услужливоста на персоналот. На врвот се најдоа и компаниите „Scandinavian Airlines“ и „Iclendair“, додека на самото дно се наоѓа шпанската нискобуџетна компанија „Vueling“. Две места над „Vueling“ се најде познатата авиокомпанија „Ryanair“.
Што се однесува до долги летови, најдобра, според задоволството на патниците, се покажа компанијата „Singapore Airlines“. Патниците сметаат дека кај нив скоро се' е совршено, па така во скоро секоја категорија заслужија максимални оценки. После оваа авиокомпанија се наоѓаат „Emirates“ и „KLM“, додека на последно место се „Air Canada“ и „United Airlines“.