Во денешно време, да се применува здрав начин на живот подразбира да се создадат нови навики, да се применат многу отстапки во секојдневното однесување, а да се прифатат и некои нови. Менувањето на начинот на живот може да се однесува на помали секојдневни промени, како практикување физичка активност, но и на создавање нови дневни рутини. Сепак, секоја промена започнува, пред сè, од нашата подготвеност и мотивираност да успееме во намерата, како и од промените во исхраната и воведување квалитетни хранливи состојки во дневното мени. Според многу истражувања, здравата исхрана треба да биде базирана на хранливи и свежи состојки, кои се непреработени, без конзерванси и без вештачки адитиви. Затоа, консумирањето зеленчук и овошје е императив, а физичката активност станува новата дневна рутина.
Истовремено, целејќи кон воведување здрави животни навики, многу често бараме брзи решенија и производи кои ќе ги исполнуваат условите да се здрави, хранливи и полни со витамини. Иако не секогаш е лесно, сепак, доколку сме истрајни во менувањето на животниот стил и воведувањето нови навики, на продажните полици може да најдеме токму вакви производи. На пример, новите производи од компанијата Вивакс, Вива 100% цедениот сок од капина и јаболко и Вива 100% цедениот сок од јаболко, за кои веќе пишувавме, се вистински погодок за оние што се љубители на цедените сокови, но немаат време да ги подготвуваат дома, а истовремено се здрави и хранливи. Составот им е богат со витамини и минерали, па го снабдуваат организмот со енергија за целиот ден. Тоа се 100% природни производи, без додаден шеќер, вода и конзерванси. Направени се од македонски јаболка и капини, што дополнително придонесува за нивниот квалитет, свежина, автентичноста и изворноста во вкусот и, секако, при процесот на производство задржани се природните хранливи состојки.
Кога станува збор за воведување промени во животниот стил и практикување здрави навики, постојат многу совети и начини, како на пример, од листа со активности и вежби што треба да се прифатат, до совети за применување барем по една здрава навика секој ден, подготвување неделни менија со здрави оброци и слично. Сепак, многу често искуството покажува дека поддршката и истрајноста на почеток се многу важни и за да имаме поголем ефект и резултати, би било добро да ги вклучиме семејството и пријателите и заедно да започнеме со новото секојдневие.
Промената кон здравите животни навики најлесно може да се поттикне од семејството. По примерот на родителите, децата многу полесно ќе ги прифатат и следат нивните навики и начин на однесување, доколку ве гледаат како секој ден внесувате здрави намирници, вежбате и се придржувате кон здравиот начин на живот. Доволно е кога ќе го отворат фрижидерот, изборот да им биде здрави, хранливи производи.
Затоа, менувањето на начинот на живот и воведувањето нови навики и дневни рутини, иако не секогаш на почеток се лесни, најмногу зависат од нас, нашата волја и желба да живееме здраво, да внесуваме витаминска храна и да направиме правилен избор за себе и за семејството.
(Комерцијална објава)