X
 18.09.2019 Живот

Производите Vivax претставени на најзначајниот саем за потрошувачка електроника во светот

На најзначајниот саем за потрошувачка електроника во светот, IFA 2019, се претставија брендовите кои долго време ги задоволуваат потребите на корисниците на македонскиот пазар - Vivax, MS Start и MS Energy. Тие заедно го претставија својот асортиман на публиката во ЕУ.

- Претставувањето на производите Vivax на овој светски саем е јасен показател за сериозноста на нашето работење и долгогодишниот метод на работа во градење на квалитетот на нашите производи. Овој сигурен систематски пристап во работата е проследен од двата наши млади бренда MS Start и MS Energy - вели Владимир Бркљача, извршен директор на одделот за овие брендови во рамките на M SAN групата.

- Vivax веќе 15 години е препознатлив на територија на Хрватска и соседните држави како бренд кој има одличен баланс помеѓу цената и квалитетот. Успешно работиме во Адрија регионот и нашата цел е во наредниот период да го развиеме нашето работење на пазарите во средна и северна Европа. Паралелно продолжуваме со развојот на нашето работење на големите пазари на Западна Европа, како што се Германија, Франција, Италија и Шпанија - истакнува Бркљача.

вивакс

- Паком компани како член на M San групација е водечки дистрибутер во Македонија и е присутен на пазарот од 1991 година со најголема партнерска мрежа со повеќе од 500 партнери. Во своето портфолио има повеќе од 15.000 производи од над 50 познати производители, меѓу кои се и сопствените брендови Vivax, MS Start и MS Energy - рече продукт-менаџерот за Vivax во Македонија, Филип Трифуновски.

На 50 квадратни метри од модерно дизајнираниот изложбен простор во павилјон 25 од Берлинскиот IFA саем се изложени повеќе од сто производи. Овој простор беше место за работни состаноци и договори со дистрибутери и корисниците на територијата на ЕУ, Русија и Блискиот Исток.

На IFA 2019 саемот Vivax го претставува целиот асортиман на производи. Од широко познатите и повеќекратно наградените Vivax клима-уреди од Best Buy и QUDAL, Vivax малите куќни апарати, па сѐ до Vivax телевизорите признаени од корисниците. На саемот ќе се претстави и најновиот Vivax Pure Sound паметен телевизор кој доаѓа од сопственото производство на ТВ-уреди сместени во Ругвица, веднаш до Загреб. Сопственото производство лоцирано во Хрватска на Vivax му дава полно право на своите ТВ-уреди да го истакне нивното ЕУ-потекло.

- Крајот на минатата година и почетокот на оваа вработивме многу лица во Словенија, Чешка, Словачка, Унгарија, Бугарија и Полска и планираме вработувања во Романија. Со градењето на присутноста на пазарите во ЕУ го развиваме работењето надвор од ЕУ и од неодамна сме присутни во Ерменија. Воедно, уште од 2014 година сме присутни на прекуокеанските пазари. Овој позитивен тренд на проширување на Vivax брендот за нас е голем успех и јасен показател дека во Хрватска имаме што да понудиме и покажеме надвор од нашиот регион, т.е. може да бидеме конкурентни и надвор од границите на ЕУ - посочи Ален Агатич, експорт менаџер на претставените брендови на M SAN група.

- Да, до денес имаме потврдени термини на состаноци со постојни и потенцијални нови бизнис-партнери од 26 држави, а дополнително добиваме барања за дополнителни термини. Иако ќе работиме на тоа да се видиме со сите, нашиот примарен фокус е на територијата на Европа, а последната цел е да достигнеме високо ниво на препознатливост на Vivax како бренд на корисничка електроника која нуди највисок квалитет за вложените пари во Европа во наредните 5 години, каде што ќе ја прославиме 20-годишнината на постоењето на брендот - заклучува Бркљача.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот