X
 03.04.2018 Живот

Зошто е битно навреме да ја откриете бременоста?

Да се води уредна евиденција за менструалниот циклус и сексуалните односи, но и навреме да се открие бременоста не е само здравствена култура, туку тоа може да значи здравје и квалитетен живот на жената. Тоа, велат гинеколозите, е поврзано и со здравјето на бебето доколку има посакувана бременост. Развојот на технологијата и медицината овозможува и лесно водење статистика, но и брзи, евтини информации дека се случила бременост.


Што значи точната информaција?

Водењето уредна евиденција за менструалниот циклус и сексуалните односи, објаснува д-р Тања Илиева-Хаџиевска, гинеколог, е од огромно значење за репродуктивното и сексуалното здравје на секоја жена. Менструалниот циклус трае 28 дена, плус-минус три дена, а овулацијата (ослободување на јајце-клетка од фоликулот во јајчникот) обично настанува четиринаесеттиот ден, па деновите од 11 до 17 се сметаат за плодни, односно во тој период настанува концепција (забременување).

- Значајно е жената навреме да дознае дека е бремена за уште од самиот почеток да ја следи бременоста кај својот гинеколог. Првиот триместар од бременоста е од огромно значење за текот и исходот на бременоста – вели д-р Илиева-Хаџиевска.

Кога на гинеколог

Ако тестот што го направила е позитивен, треба да се јави на гинеколошки преглед најрано седум дена од доцнењето на менструацијата за преку ултразвучен преглед, познат како ЕХО, да се види дали станува збор за интраутерина или можеби екстраутерина бременост, т.е. во или надвор од матката.

- Ако во тој период има субјективни тешкотии во смисла на болки, грчеви во долниот дел од абдоменот (стомакот) или сукрвичав исцедок од вагината, жената треба да дојде на преглед и порано - советува гинекологот.

Навремените контроли за саканата бременост, уште од самиот почеток, се многу значајни за гинекологот да има увид во нејзиниот развој, да ја советува пациентката кои испитувања треба да ги направи, како и во поглед на хигиено-диететскиот режим, која суплементарна терапија да ѝ ја препорача за исходот на бременоста да биде уреден и навремен.

Ако нема ни бременост, ни циклус...

Д-р Илиева-Хаџиевска потенцира дека исто така е значајно навреме да се открие и несакана бременост за, ако пациентката сака, да се прекине во регуларен период, најдоцна до 10. гестациска недела, па така да се намали ризикот од последици врз репродуктивното здравје на жената.
- Ако тестот е негативен, а менструалниот циклус сепак доцни, пациентката и тогаш треба да се јави на гинеколошки преглед за да се утврдат причините за изостанувањето на циклусот. Најчесто станува збор за промени во хормоналниот статус или можеби овулацијата настапила подоцна, па сè уште е рано да се утврди бременост – додава гинекологот.

Тест за бременост и по еден ден доцнење на циклусот

За бременоста, жените може да дознаат по само еден ден доцнење на менструалниот циклус. За тоа најчесто се користат домашните тестови за бременост. Тестот Surechek (Шрчек), еден од најбараните на пазарот, е разработен со технологија Colloidal Gold за над 99% точност уште од првиот ден на доцнење на циклусот. Но тој мора правилно да се направи. Жената може да се тестира преку урината, во кој било дел од денот, а не само наутро.


Правилно тестирање

Од UniComs советуваат пред тестирањето жената прво психички да се подготви. При тестирањето за бременост чувствата секогаш се измешани. Ако жената првпат прави тест, најверојатно ќе биде нервозна.

- Затоа, подгответе се психички пред да го направите тестот. Пред правење на уринарниот тест за бременост прво треба да се провери рокот на неговата употреба. Колку е понов комплетот за тестирање, толку се поточни резултатите.

Правењето уринарен тест наутро, со првата утринска урина, помага да се добијат најпрецизни резултати бидејќи урината наутро е концентрирана и има највисоки нивоа на хормонот ХЦГ (hCG). Не се препорачува пиење течности пред да се собере урината бидејќи може да се разреди нивото на овој хормон и да се променат резултатите.

Следете ги упатствата:
1. Извадете го тестот од заштитната фолија и отворете го црвеното капаче. Нема да ви биде потребна чашка.
2. Уринирајте врз апсорбирачкиот приклучок 3-5 секунди до негово целосно намокрување.
3. Проверете го резултатот по 5 минути, но не подоцна од 30 минути.

Инсталирајте апликација за следење на циклусот

- Ако видите дури и слаба линија што се појавува веднаш до првата, сметајте дека тестот е позитивен. Ова покажува дека тестот ги зел трагите од хормонот во урината. Ако не сте сигурни за линијата, која е премногу бледа и не е целосна, почекајте до следното утро за повторно тестирање – советуваат од UniComs.

Денес, со развојот на технологијата, евиденцијата за менструалниот циклус полесно се води и преку апликации кои се инсталираат на мобилните смартфони (преку AppStore (https://itunes.apple.com/bg/app/surecheck-calendar/id964879310?mt=8) и GooglePlay (https://play.google.com/store/apps/details?id=air.com.unicom.surecheckcalendar&hl=en ) .

Подготвил: Н.Б.З.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот