X
 10.01.2018 Живот

Новиот каталог на „Икеа“ крие неверојатно изненадување

Новата година носи навистина неверојатни изненадувања. Последната реклама на „Икеа“ во Шведска предизвика вистински бум благодарение на револуционерниот вграден тест за бременост преку кој идните мајки можат да бараат попуст на креветчиња за деца.


Маркетиншката идеја доаѓа од шведската компанија „Акестам Холст“. Рекламата, која се појавува во списанието „Амелија“, женски магазин во Шведска, користи слична технологија како и стандардниот тест за бременост, но наместо „да“ или „не“ одговор, односно линија или две, оваа страница ќе ви даде купон за креветчиња што се на попуст, ако сте бремени.



Лентата што е вградена во рекламата се базира на антитела кои се врзуваат за хормонот на бременоста „hCG“, кој резултира со менување на бојата. За вметнување на оваа техника во физички формат на печатена реклама се користеле развиени површински активни материјали, кои се употребувале во медицинска дијагностика. Иако звучи малку чудно, мајките навистина треба да го направат истото како и со стандардниот тест, односно да уринираат врз рекламниот материјал со вграден тест за бременост. Откако ќе се покаже резултатот, рекламниот материјал треба да го однесат во локалната продавница на „Икеа“ за да го добијат попустот.


фотоизвор: Supplied
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот