X
 03.05.2023 Економија

Мате Римац објави фотографии од новиот кампус на компанијата

Во близина на Загреб се гради нов кампус кој ќе биде седиште на компанијата „Римац“. Сопственикот и основач на компанијата, Мате Римац, објави фотографија од кампусот во моментов, коментирајќи дека сака тој да претставува најдобра можна околина за неговите вработени каде што полесно ќе се создаваат врвни производи.

Во овој кампус ќе се дизајнираат и развиваат сите идни модели на „Бугати“ и „Римац“, како и делови за други произведувачи на автомобили со кои соработува компанијата. Освен што ќе биде центар за истражување, развој и производство, кампусот треба да овозможи зголемување на развојните и производни капацитети на компанијата. Во рамки на кампусот ќе има и патека за тестирање, погони за производство и тестирање, оддели за дизајн и инженерство, па дури и музеј.

Во објава на „Фејсбук“, Римац објави фотографии кои го покажуваат напредокот во изградбата на кампусот во кој би требало да работат околу 2.500 вработени.

Тој откри дека е завршен кровот, а до крајот на годината треба да биде завршена првата фаза од проектот, по што ќе започнат да се користат првите производни линии. Римац напиша и дека целиот простор во кампусот веќе е распореден и тие „играат Тетрис“ за да сместат сè во него.


Извор: Zimo
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија