X
 13.01.2016 Технологија

Пристигнува првиот паметен волан

Секоја година најмалку 400.000 лица загинуваат во сообраќајни несреќи предизвикани од недостатокот на внимание и концентрација за време на возењето, а младите возачи се четири пати повеќе склони кон ваквите несреќи отколку возрасните.

 

volan


Токму поради ова, младиот пронаоѓач Џеј Ти Евартс, кој има само 19 години, го создаде првиот паметен волан кој ќе спаси многу деконцентрирарни возачи кои за време на возењето го проверуваат мобилниот телефон, се шминкаат, испраќаат пораки, бараат по чанти, пушат и слично.

„Деконцентрацијата не е предизвикана само од мобилните телефони. Проблемот е поголем од тоа, особено со младите возачи кои само што го положиле возачкиот испит. Сакав да создадам нешто што засекогаш ќе го промени начинот на кој возиме. „SMARTwheel™“ нуди едноставна помош за секој возач и ќе му помогне да остане сконцентриран и фокусиран кон возењето и условите на патишатата“, објаснува младиот Евартс.

 

volan


Неговиот тим кој му помогнал во изработка на овој пронајдок, се обидува да спречи несреќи, и да го заштити возачот - кога ќе дојде но несреќа. „SMARTwheel™“ е првиот паметен волан кој со помош на сензори ја чита правилната позиција на раката на воланот и со користење на Bluetooth или апликација, јавува кога возачот ќе ги тргне рацете од воланот и на тој начин го загрозува безбедното управување на возилото.

Воланот ја доби својата шанса и во реалното шоу „Shark Tank“. Тестирањето било објавено на Институтот за технологија во Масачусетс, а го поддржа и претседателот Барак Обама.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија