Минатата недела новинарот Колтон Молески излегол на улиците на Мичел, Јужна Дакота, за да извести за опасните поплави. Додека го снимал прилогот, бел автомобил „тесла модел Х“ се појавил на улицата орајќи преку поплавените улици и излегувајќи навидум неоштетен.
Ова не е првпат некој автомобил „тесла“ да биде снимен во високи води - во 2016 година на интернет се појави снимка од сопственичка на „модел С“ во Казахстан како го користи автомобилот за да плови преку поплавен тунел.
Тогаш извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, на „Твитер“ напиша дека тој не препорачува користење на автомобилите како бродови и Молески исто така им порача на другите да не го прават она што го прави сопственикот на „тесла“ од Јужна Дакота.
- Не правете го она што го гледате таму, многу е
опасно - рече тој.