Малку се знае за тоа како да се заштити една зграда од удар од гром. Дури сѐ уште не беше снимена молња како удира во зграда со голема брзина.
Но, еден тим воден од физичарот Марчело Саба во Бразилскиот национален институт за вселенско истражување успеал да сними како громот удира во зграда во Сао Паоло. Неверојатното видео покажува масивно разгранување пред да се поврзи со громобранот, оставајќи ги зградите неповредени.
Камерите треба да се поставени блиску до зградата за да можат да снимаат удар од гром на овој начин. Зградите снимени во ова видео се високи под 60 метри високи и им даваат на научниците многу податоци кои им се потребни за подобро да разберат како функционираат
громобраните и како да ги усовршуваат во иднина.