Во САД била регистрирана молња долга речиси 800 километри во 2020 година. Тоа е рекорд за најдолга молња регистрирана досега, потврдиле научниците.
Молњата била долга точно 768 километри и погодила три сојузни американски држави: Мисисипи, Луизијана и Тексас. Претходниот рекорд бил на молња долга 709 километри во Бразил во 2018 година. Молњите ретко се подолги од 15 километри и најчесто траат помалку од една секунда.
Рекордот за молња со најдолго траење е 17,1 секунди. Настанот бил забележан во Уругвај и Аргентина во 2020 година.
Според Светската метеоролошка организација, двата рекорда се случиле во предели во кои се појавуваат интензивни невремиња кои создаваат големи и долги молњи. Според експертите, во иднина би требало да се регистрираат повеќе вакви рекорди поради напредокот на технологијата.
Од Светската метеоролошка организација посочуваат дека молњите се опасни, потсетувајќи на настани од минатото кога удар од молња убивал десетици луѓе. Во несреќа во Египет во 1994 година удар на молња предизвикал да се запали нафта, убивајќи 469 луѓе.
Извор:
BBC
Фото: Pixabay