X
 03.06.2020 Култура

Уметноста на маските против Ковид-19: Њутн, Шекспир, Ван Гог во самоизолација го достигнале врвот на креативноста

Повеќе од 250 уметници-претставници на 120 земји со својата уметност симболично тргнаа во борба против Ковид-19

Исак Њутн, Вилијам Шекспир, Винсент ван Гог го достигнале својот врв на креативноста кога биле во самоизолација. Историјата се повторува под покровителство на канцеларијата на УНЕСКО во Бејрут. Повеќе од 250 уметници-претставници на 120 земји со својата уметност симболично тргнаа во борба против Ковид-19. Меѓу нив се и нашите уметници Сашо Саздовски и Пандора Апостолоска-Саздовска.



Светскиот ден за културна разноликост за дијалог и развој не го слави само богатството на светските култури, туку и суштинската улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој. Годинава денот се слави под посебни околности како резултат на избувнување на пандемијата од Ковид-19, која се претвори во голема криза која влијае врз широк спектар на сектори, од здравство до образовниот сектор. Секое затворање за краток временски период во четири sида е стресно искуство. Присилното заклучување и нејзините последици станаа очигледни низ целиот свет со променливо ниво на влијание на национално, но и на меѓународно ниво.

Канцеларијата на УНЕСКО во Бејрут заедно со невладината организација „Медоус“ им пристапи на уметниците низ светот и ги покани да го преземат предизвикот за користење на визуелните уметности како моќна алатка која влијае врз релевантните глобални проблеми преку меѓукултурниот дијалог. Концептот создаден од Лена Келекијан, претседател и основач на „Медоус“, го иницира проектот „Уметниците и УНЕСКО против Ковид-19“.



- Годинашниот Светски ден за културна разноликост за дијалог и развој доаѓа во време на неизвесност и вознемиреност. За многумина, затворањето на јавните места и културни институции доведе до стегање на културниот простор и зголемена изолација. За среќа, техничките средства што ги имаме на располагање денес им овозможуваат на оние што се во можност да имаат корист од нив да ја надоместат стеснетоста на затворените простори. Така, видовме палета на иницијативи кои го обновија интересот за културни практики низ светот и го истакнаа нивното на изобилство и богатство. Со координирана акција, оригинални иницијативи и креативност, ова наметнато прекинување на времето овозможи да се види што е едно од богатствата на човештвото: нашата разновидност - се вели во соопштението.

Одри Азулај, генерален директор на УНЕСКО, вели дека во овие погодени времиња, при ублажување на техничките проблеми со интернет, тешкотии на социјално растојание и заклучување, била воспоставена комуникација со сите регионални и национални претставници.

- Го мобилизиравме секој волонтерски ресурс за трансформација на медицинските маски што всадија страв, како строги потсетници за непосредна опасност од инфекција, во платна со силни креации на уметници и нивна лична реакција на оваа пандемиска криза. Одговорите беа многу креативни. Во некои случаи, можеме да најдеме мрачни изрази на страв од непознатото, но најчесто тие се изрази на надеж и желба за подобро и поинакво утре - вели таа.
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура