X
 12.02.2021 Наука

Македонија прва во Европа по процентот на жени истражувачи

Вчера се одбележа Меѓународниот ден на жените во науката. Но жените остануваат малцинство помеѓу истражувачите гледано на глобално ниво. Извештај од Институтот за статистика на УНЕСКО за процентот на жени помеѓу истражувачите го покажува тоа.

На светско ниво, само 29,3% од истражувачите се жени. За Централна и Источна Европа, процентот изнесува 39,3%, за Северна Америка и Западна Европа е 32,7%, додека во Централна Азија тој изнесува 48,2%.

Во Европа, процентот на жени истражувачи е најмал во Холандија (25,8%), а најголем во Македонија (52,3%), покажува извештајот објавен во јуни 2019 година. Нашата земја е една од  трите држави во Европа каде што има повеќе жени истражувачи отколку мажи.

Од земјите во регионот, во Србија 50% од истражувачите се жени, во Бугарија 49,1%, во Хрватска 47,7%. во Црна Гора 47,6%, во Босна и Херцеговина 46,8%, во Албанија 44,3%, во Грција 38%, а во Словенија 34,5%.


Фото: Screenshot/UIS UNESCO

Извор: uis.unesco.org
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука