X
 03.07.2024 Живот

Финансиската писменост кај младите

Расте интересот на учениците и студентите кои сакаат одговорно да се однесуваат во светот на парите. Расте интересот кај младите да ја подобрат својата финансиска писменост, а родителите се свесни дека во свет на глобализација и дигитализација, нивните деца мора да научат одговорно да располагаат со своите буџети и да го познаваат светот на парите.

Младите признаваат дека не се доволно информирани за оваа тема, имаат делумни или основни знаења за финансиската писменост, но се подготвени да научат како да штедат, како да си постават краткорочни и долгорочни финансиски цели и да имаат контрола на трошењето.

За ова сведочат и податоците на Народната банка, која одржува едукативни предавања на темата за основци, средношколци и за студенти од 2012 година.

Во текот на изминатите години беа одржани повеќе од 500 едукативни предавања за различни возрасни групи, притоа беа опфатени повеќе од 21.500 посетители (ученици од основното и средното образование, студенти, деца од претшколска возраст, ученици со посебни потреби, професори, наставници, како и пензионирани лица).

Кон крајот на минатата година и во текот на оваа година се преземени конкретни чекори во насока на финансиската едукација во постојниот образовен систем во соработка со Бирото за развој на образованието.

- Имено, финансиската едукација во тековниот образовен систем е вклучена преку одделни теми во одделни училишни предмети, во основното и во средното образование. Следствено, во рамките на оваа активност Народната банка, заедно со другите финансиски регулатори и Бирото за развој на образованието, ги разгледува можностите за посеопфатно вклучување на финансиската едукација во формалното образование. Преку системско решение на ова прашање во образовниот систем ќе се придонесе за подигнување на финансиската писменост на младите и населението воопшто - велат од Народната банка.

Младите навистина живеат во време кога секаков вид информации им се достапни со само неколку клика. Живеат во ера на дигитална трансформација, достапни технологии, олеснителни функционалности и сето ова треба да го искористат во своја полза. Потребно е да се информираат и да ги преземат работите во свои раце. Што значи потребно е самите да се грижат за своите финансии, нивното раководење, заштеда, плаќање одредени трошоци, провизии, членарини и слично, со цел да ја запознаат и почувствуваат моќта на управувањето со своите финансии и донесувањето вистински одлуки, а со крајна цел да се чувствуваат едуцирани и спремни кога ќе се впуштат во нивниот професионален и семеен живот.



Следствено, и деловните банки го приспособуваат своето работење во насока на следење на потребите на младите ученици и студенти, нивниот динамичен стил на живот, во обид да ја подигнат финансиската писменост на повисоко ниво, но преку еден вид едукација и дружење.
Халкбанка креира банкарски пакет „Halk EZ“, кој е приспособен на стилот и животните навики на еден современ млад човек. Покрај низата финансиски услуги и поволности, пакетот претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување.

Пакетот Halk EZ (Halk Easy) претставува иновативен банкарски пакет што нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години. Пакетот нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна членарина, со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за нејзино водење и низа иновативни услуги како GarminPay, SmartSend и SmartCash. Пакетот е креиран за да одговара на секојдневните потреби на сите млади луѓе, студенти, средношколци и млади претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии.

Подготвил: Орце Костов

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот