X
 29.07.2022 Живот

Сѐ повеќе млади Американци живеат со семејството, покажува истражување

Сè повеќе млади Американци живеат со семејството, покажува истражување од истражувачкиот центар „Пју“. Во 2021 година 25 отсто од жителите на САД на возраст помеѓу 25 и 34 години живееле во домаќинство кое вклучува две или повеќе различни возрасни генерации. За споредба, во 1971 година овој процент изнесувал 9 отсто.

Ваквиот начин на живот се зголемил за сите возрасни групи во последниве пет децении во САД. Меѓутоа, растот бил најбрз за младите на возраст од 25 до 34 години.


Фото: Freepik

Најзначајно зголемување на млади што живеат во вакви домаќинства има кај оние што се без факултетска диплома. Во оваа група, бројот на млади што живеат во вакви домаќинства се зголемил за трипати во споредба со 1971 година.

Според истражувањето, финансиските проблеми се голема причина зошто младите живеат со семејството. Во 2021, 68 отсто од младите од 25 до 34 години што живееле во домаќинство со две или повеќе возрасни генерации живееле заедно со еден или двајца родители.

Околу 15 отсто живееле во сопствен дом и имале родител или постар роднина кој живеел со нив, а 14 отсто живееле во дом кој бил воден од роднина кој не им е родител, како дедо, баба, сестра, брат или вонбрачен партнер или цимер.

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот