Никој не ги сака турбуленциите за време на летањето, но тие се неизбежни во голем дел од случаите. Според еден пилот, патниците може да направат нешто за потенцијално помалку да ги чувствуваат турбуленциите во летањето.
Џими Николсон споделил на „Тик-ток“ дека патниците што седат во предниот дел од авионот помалку ги чувствуваат турбуленциите отколку патниците во задниот дел.
- Доколку седите во предниот дел од авионот, ќе почувствувате помалку турбуленции, но доколку сте во задниот дел, ќе биде побурно - открил тој.
Во видеото тој демонстрира како авионот е постабилен во предниот дел, па затоа таму се чувствуваат помалку турбуленции. Тој посочи и дека патниците не треба да се грижат за време на турбуленции бидејќи тие не се опасни.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay