X
 04.08.2020 Живот

Кинеските авиокомпании нудат екстремно евтини зделки за да ја оживеаат индустријата

Кинеската компанија „Чајна садрн“ стана последната кинеска авионска агенција која започна да нуди екстремно евтини зделки за неограничено летање со цел да се обиде да го оживее воздушниот сообраќај за време на пандемијата.

Најмалку осум кинески авионски агенции досега претставиле слични зделки со кои се надеваат дека ќе го оживеат домашниот авионски сообраќај. „Лаки ер“, која започна да нуди зделки за неограничено летање на 13 јули, два дена по објавувањето на програмата соопшти дека ги продала сите билети за месечни и сезонски билети за поединци.


Фото: Freepik

Се нудат зделки кои траат од еден месец до една година и цените започнуваат од 227 долари за неограничени летови за над 31 ден по лице. Од „Лаки ер“ истакнаа дека планираат да продадат повеќе такви зделки во иднина.

Други авионски агенции нудат малку различни зделки. „Спринг ерлајнс“ нуди пакет за деца кои патуваат со своите родители, а „Чајна истрн“ нуди неограничени летови за викенди. Некои агенции одлучиле да соработуваат, како „Чингдао ерлајнс“, „Океј ервејс“ и „Руили ерлајнс“, кои заедно нудат неограничено летање за време на викендите.


Фото: Freepik

Други агенции како „Џунјао ер“ нудат пакет од 127 долари за неограничено надградување, со што патниците може да добијат дополнителни поволности иако плаќаат за летање во економска класа.

Кинеската економија постепено се подобрува по ширењето на коронавирусот.  Дневните летови се вратиле на околу 80% од нивото пред пандемијата. Се смета дека авионската индустрија во Кина изгубила 4,89 милијарди долари во вториот квартал оваа година.

Извор: techxplore.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот