X
 03.09.2024 Образование

ФИНКИ ја објави листата на пријавени кандидати за упис во првиот уписен рок

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ја објави листата на пријавени кандидати за упис во првиот уписен рок за академската 2024/2025 година. Листата можете да ја најдете ТУКА.

-Листата ги содржи информациите за она што е пополнето во документите и не дава информација за рангирањето на кандидатите. Листата содржи број на кандидатот, првиот избор на студиска програма, дали кандидатот избрал кофинансирање или не, редослед на изборите на насоки по приоритет, како и поените од успехот - истакнуваат од ФИНКИ.

По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од денеска, а најдоцна до утре до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти. Приговорите се доставуваат со пополнување на формата на следниот линк.

Техничките пропусти се однесуваат на:
1. Печатна грешка на основен избор на студиска програма
2. Избор со кофинансирање
3. Редослед на студиски програми
4. Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование