Сите сме виделе како се работи во „Гугл“ или „Фејсбук“, не? Вработените имаат соби за рекреација кадешто може да се релаксираат и одморат за потоа да работат поефективно и покреативно. Истиот тренд веќе започнува да се применува и на факултетите и универзитетите. Специјален простор за рекреација има на универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Можеби наскоро ќе се добие таква просторија и на ФИНКИ.
Студенти на ФИНКИ организираа
настан за потпишување на анкета во која се бара соба за играње и забавување за време на долгите паузи помеѓу предавањата. Со оглед на тоа што ФИНКИ нема своја зграда, оваа соба би била наменета за студентите на техничките факултети.
Идејата се родила како проект по предметот „Медиуми и комуникации“ воден од проф. Владимир Трајковиќ на ФИНКИ. Студентите се согласиле дека имаат проблем со паузите помеѓу предавањата. Тие направиле анкети за да откријат како студентите го поминуваат ова слободно време и откриле дека најголем дел од нив седат на клипите во факултетот или пијат пафе во бифето. Затоа, решиле да започнат иницијатива која би имала позитивен ефект на студирањето во целост.
За таа цел се организираше настан во кој студентите покажаа дека студентите навистина сакаат соба за рекреација. Значаен дел од професорите на факултетот ја поддржуваат идејата.
Секако, студентите на ФИНКИ се надеваат дека иницијативата ќе поттикне создавање соба на техничките факултети, но и на останатите.
Дали вие сакате ваква соба на техничките факултети?
Потпишете се.