Замислете сценарио во кое со часови возите по автопат во Австралија, па ве совладува заморот. За среќа, наидувате на хотел, ѝ се заблагодарувате на судбината што конечно ќе успеете да се испружите и да одморите малку, но кога ќе се приближите до необичната зграда, сфаќате дека нешто не е во ред. Имено, хотелот е лажен.
Хотелот „Истлинк“ е, всушност, скулптура што се наоѓа на периферијата на Мелбурн, Австралија, дизајнирана да изгледа како вистински хотел.
Изградбата на скулптурата чинела 744 илјади евра, а била дизајнирана од канадскиот уметник Калум Мортон и претставена во 2007 година. Оттогаш „хотелот“ збунил многу луѓе кои се обиделе да резервираат сместување таму или да влезат внатре.
Веб-страницата на „Истлинк“ сè уште добива прашања за цените на собите, достапноста и информациите за паркирање, а во описот на концептот зад дизајнот, Мортон сакал минувачите да го гледаат „Истлинк“ како вистински хотел. Џиновското лудило, како што го нарекува Мортон, има чисто декоративна функција.
„Истлинк“ е висок 20 метри и е изграден од челик, бетон и стаклени панели. Навечер некои од прозорците светат, што ја прави целата приказна поинтересна.