Пожарите во Австралија не стивнуваат. Особено е погодена популацијата на коалите, при што многу од овие нив умреа.
Сепак, ситуацијата во Австралија покажа дека меѓу луѓето има херои какви што му се потребни на светот. 19-годишниот Мика и 18-годишниот Кејлеб добија пофалби од цел свет. Овие двајца братучеди возат низ островот Кенгуру во обид да спасат колку што е можно повеќе коали, ставајќи ги во нивниот автомобил.
Фото: Alternative 666
Тинејџерите планираат да се грижат за коалите додека не заздрават. Кога ќе биде безбедно, тие ќе ги вратат во дивината. Според Мика и Кејлеб, околу 60 отсто од коалите што ги сретнале, за жал, изгореле.
- Ова е нашата мала мисија за спасување на коалите. Се обидуваме да собереме колку што е можно повеќе живи
кoали - вели еден од братучедите на видеото што го направиле, покажувајќи ја внатрешноста на нивниот автомобил.