Првиот космонаут од Обединетите Арапски Емирати, Хаза ал Мансури, минатата седмица пристигна на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Набрзо по доаѓањето тој откри промени кај себе – главата му се зголемила за некој сантиметар.
Постои совршено рационално стручно објаснување и веројатно космонаутот го знае тоа. Тоа се случува со сите што престојуваат во Земјината орбита. Органите, како и целото тело во бестежински простор, ја задржуваат масата, но не се соочуваат со силата наречена тежина. Тоа, пак, резултира со подувување, издолжување или растење на делови од телото. И сето тоа е сосем нормално.
Хаза денеска се враќа од МВС. Кога арапскиот космонаут ќе се врати на Земјата, сѐ ќе се врати во првобитната положба, но и тогаш тој ќе треба да мине низ одредени фази необични и чудни за обичниот човек, истакнуваат стручните лица.
Извор: МИА